Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

„Уметноста на исчезнувањето“, 12.02.2012 (недела), 20.00 часот

Проекции: 12.02.2012 (недела), 20.00 часот

„Уметноста на исчезнувањето“

Документарениот филм „Уметност на исчезнувањето“ на добитниците на престижната наград Оскар за документарен филм, Бартек Конопка и Пјотр Росоловски, го претставува судирот на култури кој се случува со доаѓањето на хаитанскиот вуду свештеник Амон во Полска во 80-тите години на 20-тиот век. Тој е фасциниран од земјата од каде потекнуваат неговите корени и одлучува да остане подолго време за да се запознае со неговиот предедовски дом, а во истовреме прави и обид да ги отвори срцата и умовите на Полјаците. Неговото доаѓање се совпаѓа со донесувањето на воениот закон во полското општество. Амон се решава да направи серија на ритуали со цел да ги избрка злите духови од душата на генералот Јарузелски. Свештеникот е сигурен дека тврдиот став на генералот и неговите крвави очи се знак дека неговата душа е опседната од злиот демон, баронот Самеди.

(Art of Disappearing)
документарен филм / 2010 година / 91минути / колор / ДВД
Полска

Режија: Пјотр Росоловски и Бартек Конопка.

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.