Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

„Точка на вриење“, 24.10.2011 (понеделник), 20.00 часот

Проекции: 24.10.2011 (понеделник), 20.00 часот

Jaпонски филмски фестивал во Кинотека на Македонија

Влезот е бесплатен.

„Точка на вриење“

Maсаки работи на бензинска пумпа и игра безбол за локалниот тим „Орли“, или поточно, само го носи дресот на тимот – бидејќи кога и да игра, а тоа не се случува често, тој секогаш успева да ја уништи играта и да направи збрка по штета на тимот... Масаки е ист таков и на работа, што донесува до проблематични ситуации... И така, еден ден, додека го чисти автомобилот на локалниот гангстер, гангстерот прави мал инцидент во гаражата... Оваа случка на некој начин го враќа Масаки во живот, и во него се буди некоја искра да заврти нов лист во начинот на своето постоење... Но, дали искрата ќе биде доволна тој и навистина да успее во тоа... ? Бидејќи, настаните си земаат свој тек и работите тргнуваат по еден сосем неочекуван начин...


„Точка на вриење“
(Boiling Point)
1990, 96 мин, колор, 35мм
игран филм, Јапонија

Режија: Такеши Китано (Takeshi Kitano);
Сценарио: Такеши Китано (Takeshi Kitano);
Главни улоги: Такеши Китано, Јуреи Џанаги, Јурико Ишида (Takeshi Kitano, Yûrei Yanagi, Yuriko Ishida).










0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.