Проекции: 24.10.2011 (понеделник), 20.00 часот
Jaпонски филмски фестивал во Кинотека на Македонија
Влезот е бесплатен.
„Точка на вриење“
Maсаки
работи на бензинска пумпа и игра безбол за локалниот тим „Орли“, или поточно,
само го носи дресот на тимот – бидејќи кога и да игра, а тоа не се случува
често, тој секогаш успева да ја уништи играта и да направи збрка по штета на
тимот... Масаки е ист таков и на работа, што донесува до проблематични
ситуации... И така, еден ден, додека го чисти автомобилот на локалниот
гангстер, гангстерот прави мал инцидент во гаражата... Оваа случка на некој
начин го враќа Масаки во живот, и во него се буди некоја искра да заврти нов
лист во начинот на своето постоење... Но, дали искрата ќе биде доволна тој и
навистина да успее во тоа... ? Бидејќи, настаните си земаат свој тек и работите
тргнуваат по еден сосем неочекуван начин...
„Точка на вриење“
(Boiling Point)
1990, 96 мин, колор, 35мм
игран филм, Јапонија
Режија: Такеши Китано (Takeshi Kitano);
Сценарио: Такеши Китано (Takeshi Kitano);
Главни улоги: Такеши Китано, Јуреи Џанаги, Јурико Ишида (Takeshi Kitano, Yûrei Yanagi, Yuriko Ishida).

0 comments:
Post a Comment