Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

„Големата вода“, 17.09.2011 (сабота), 20 часот

Проекции: 17.09.2011 (сабота), 20 часот
20 години филм во независна Македонија

„Големата вода“

Политичарот Лем Никодиноски, кој е кандидат на престојните избори и е истакната личност во државата, е во критична здравствена состојба. На патот кон операционата сала тој се присетува на годините по Втората светска војна, кога своето детство го минува покрај големото езеро, во дом за сираци кои потекнуваат од семејствата на наводните „народни непријатели“. Малиот Лем е уловен како „диво ѕверче“ во оризовите полиња и е доведен во домот крај големата вода. Приказната што ќе ја раскаже стариот Лем за своето несреќно детство, не е обична приказна за страдањата на еден балкански сирак, туку приказна за пријателството, за љубовта, за добродетелта, за предавствата, за додворувањата...




Големата вода
игран филм / 2004 година / 93 минути / колор / 35 мм.
Република Македонија

Режија: Иво Трајков
Сценарио: Владимир Блажевски, Иво Трајков, според мотиви од роман на Живко Чинго
Директор на фотографија: Суки Меденчевиќ
Главни улоги: Митко Апостоловски, Мето Јовановски, Сашо Кекеновски, Верица Недевска

2 comments:

Anonymous said...

Би ви бил благодарен доколку го објавите распоредот на следните филмови од ревијата македонски филмови за 20 години независност. Исто така ме интересира колку ќе чини билетот? Поздрав!

Кинотека said...

Распоредот на следните македонски филмови кои ќе се прикажуваат во Кинотеката на Македонија може да го најдете на oвој блог. Имено, секој ден се објавува проекцијата која е закажана за тој ден (освен понеделник, кога нема проекции), а за да ги видите сите претстојни филмови, кликнете на 'Следни филмови' во десниот агол до главната содржина на блогот. Влезот на сите проекции е бесплатен.
Ви благодариме за интересот!

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.