Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

MakeDox: „Заливот“, 7 јуни (понеделник), 17 часот

Филмот зборува за грижата на човекот, кој во ТВ-серијата „Флипер“ гo претстави делфинот како едно од најинтелегентните животни на планетата. Овој човек тајно го документира масакрот на делфини во еден залив во Јапонија. Станува збор за класичен интимен трилер на група луѓе, кои се обидуваат да го спречат злосторството врз делфините. „Заливот“ е овогодинешниот добитник на Оскар за документарен филм.


The Cove
САД/ 92'
2009 година

Режија: Луи Сајхоја

MakeDox (6 јуни)

13:00 - Социјални

„Дрона и јас“
Холандија/ 19’
Режија: Кетрин ван Кампер

„Ние сме момчиња“
Холандија/ 16’
Режија: Томас Каан

„Речиси пораснат“
Холандија/ 15`
Режија: Мишел Бронгер

„Зимата на Алберт“
Данска/ 29`


15:00 - Урбан живот

„Божиќ со тато“
Шкотска/ 12’
Режија: Конор Мек-Кормак

„Сакам дома“
Холандија/ 15’
Режија: Шиел Алдершоф

„Даска“
Холандија/ 15’
Режија: Били Полс

„Адам“
Чешка/ 17’
Режија: Томаш Елшик


„Астронаут“
Холандија/ 19’
Режија: Анелор ван Хемстра

17:00 - Промени

„Ќерка на мојата мајка“
Шкотска/ 12’
Режија: Салејха Ахсан

„Пеперутка“
Шкотска/ 12’
Режија: Јулија Мар

„Неподнослива белина на постоењето“
Шкотска/ 10’
Режија: Фајсал Азиз

„Ајрин“
Шкотска/ 10’
Режија: Линдзи Гудал

„Сивал, беше многу уплашен“
Холандија/ 15’
Режија: Вилма Лигтхарт

„Талибу Дибу Дајчу“
Бугарија/ 5’
Режија: Борис Десподов

MakeDox: Фестивал на креативен документарен филм (5-12 јуни)

Оваа година на Скопје за првпат ќе му се случи фестивал на креативни документарни филмови. Сефте изданието на „Мејкдокс“ (MakeDox) започнува во сабота (5 јуни) со бесплатна филмска проекција во Куршумли ан и завршува пак таму осум дена подоцна (12 јуни) со концерт на три бенда. Цели седум дена ќе имате прилика да уживате во 60-ина проекции на кратки и долги документарни филмови, кои ќе се одржат во Куршумли ан, МКЦ и Кинотеката на Македонија.


Филмската програма нуди 2524 минути документарна реалност „вкалапена“ во 5 различни селекции: програми: 9 филмови во главната селекција, 10 нови автори, кои ќе се натпреваруваат за наградата „Млад кромид“, понатаму 5 музички документарци во „Мејкмјузик“, 7 кратки документарци како дел од ретроспективата на македонскиот документарен филм и уште 32 кратки документарни остварувања за деца и млади.



Фестивалската програма ќе биде збогатена и со неколку работилници.




Креативните документарни остварувања ќе ги погледнат и жителите на 10-ина македонски градови и села за време на топлиот август.

„Кромид си е кромид!“
Уживајте!!

Изложба на фотографија „Урбан пејзаж“ (1-10 јуни)

Архитект.мк ги поканува сите љубители на фотографијата на свечено отворање на изложба по повод конкурсот за фотографија „Урбан пејзаж“. Изложбата ќе биде отворена денеска (вторник, 1 јуни) во 20 часот во галеријата на Кинотеката на Македонија. Посетителите на овој настан ќе добијат и каталог во кој се приложени најдобрите фотографии од конкурсот за фотографија „Урбан Пејзаж“.


 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.