Оваа година на Скопје за првпат ќе му се случи фестивал на креативни документарни филмови. Сефте изданието на „Мејкдокс“ (MakeDox) започнува во сабота (5 јуни) со бесплатна филмска проекција во Куршумли ан и завршува пак таму осум дена подоцна (12 јуни) со концерт на три бенда. Цели седум дена ќе имате прилика да уживате во 60-ина проекции на кратки и долги документарни филмови, кои ќе се одржат во Куршумли ан, МКЦ и Кинотеката на Македонија.
Филмската програма нуди 2524 минути документарна реалност „вкалапена“ во 5 различни селекции: програми: 9 филмови во главната селекција, 10 нови автори, кои ќе се натпреваруваат за наградата „Млад кромид“, понатаму 5 музички документарци во „Мејкмјузик“, 7 кратки документарци како дел од ретроспективата на македонскиот документарен филм и уште 32 кратки документарни остварувања за деца и млади.
Фестивалската програма ќе биде збогатена и со неколку работилници.
Креативните документарни остварувања ќе ги погледнат и жителите на 10-ина македонски градови и села за време на топлиот август.
„Кромид си е кромид!“
Уживајте!!



0 comments:
Post a Comment