Хотиненко Владимир Иванович е руски режисер, глумец и сценарист. Тој е и Заслужен уметнички работник (2001 год.) и Народен артист на Руската федерација (2010 год.). Роден е на 20 јануари 1952 година во градот Славгород, Алтајски крај. Во 1976 год. го завршува Свердловскиот институт за архитектура. Од 1978 до 1982 година работи како уметнички директор на Свердловската продуцентска куќа. Во 1981 година ги завршува Високите курсеви за сценаристи и режисери (студио Н.С. Михалков). Денес предава режија на игран филм во Серускиот државен институт за кинематографија. Од 1999 година раководи со Режисерско-сценаристичко студио на Високи курсеви за сценаристи и режисери.
Во „Поп“ раскажува за вербата на еден православен свештеник и животот на мисионерите во времето на фашизмот...
Pop
ДВД/ колор/ 123`
2009 година
Режисер: Владимир Хотиненко
Сценарио: Александар Сегењ, Владимир Хотиненко
Улоги: Сергеј Маковецкиј, Нина Усатова, Елизавета Арзамасова, Кирил Плетњов, Анатолиј Лобоцкиј
0 comments:
Post a Comment