Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

„Белата панделка“, 7 мај (петок), 19 часот

Дејството е сместено во едно село во протестанскиот дел на северна Германија пред почетокот на Првата светска војна. Раскажува за децата и адолесцентите кои пеат во селскиот хор, но и за нивните фамилии преку низа необични несреќи.
Филмот се закити со „Златна палма“ на минатогодишниот Кански филмски фестивал, како и со „Златен глобус“, наградата „Фипресци“, „Европската филмска награда“ и со номинација за „Оскар“ за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје.


Das weisse Band
Австрија, Германија/ 2009 година
35мм/ 144`

Режија: Михаел Ханеке

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.