Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

„Ѕвезда“, 28 април (среда), 20 часот

Неделата на руските воени филмови ја започнуваме со филмот „Ѕвезда“, заснован врз истоимениот роман на Емануил Казакевич.
Во летото 1944 година, нацистите спремаат голема тенковска дивизија, наречена „Викинг“ и планираат офанзива на окупираното руско тло. Составена од седум снајперисти, специјалната единица на Руската армија „Ѕвезда“ е испратена да истражи што се случува кај непријателите. Две претходни руски групи се немаат вратено од ваквите извидувања. Седуммината знаат дека ги чека сигурна смрт во име на победата.



Звезда
Русија/ 2002 година
35мм/ 97`

Режија: Николај Лебедев
Сценарио: Евгениј Григорјев, Николај Лебедев, Александар Бородјански
Улоги: Игор Петренко, Артем Семакон, Алексеј Панин

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.