Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

„Џулиета и духовите“, 25 април (недела), 17 часот

Восхитувачката и визуелно инвентивна имагинација на „Џулиета и духовите“ раскажува за досадата на една италијанска домаќинка, која наоѓа олеснување од секојдневието и нејзиниот неверен сопруг преку сензуално бегство во спиритуалното кралство. Како што Џулиета минува се` повеќе време во копнеење, така полека стекнува повеќе независност. Првиот филм на Фелини во боја е прилично сензационален спектакл кој ги остварува повеќето од неговите извонредни хипотези. Обоен со јасни бои и еротизам, „Џулиета и духовите“ го става визуелното над наративното, сонот над реалноста.


Giulietta Digli Spiriti
Италија/ 1965 година
35мм/ 137`

Режија: Федерико Фелини
Сценарио: Федерико Фелини, Тулио Пинели
Улоги: Џулиета Масина, Сандра Мило, Марио Пису, Валентина Кортезе

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.