Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

„Белиот шеик“, 22 април (четврток), 18 часот

Ванда и Иван се млад брачен пар и потекнуваат од едно провинциско градче. Патуваат во Рим на меден месец. Кога ќе пристигнат, срамежливата невеста го открива гламурот, авантурата и романсата, но за жал, не со својот сопруг. Откако ќе го здогледа на една фотографија снимена во Вечниот град, Ванда станува опседната со Белиот шеик, херојот од сапунските опери. Тргнува да го пронајде и го остава сопругот во паника. А тој, пак, се труди да го скрие нејзиното исчезнување од своите простодушни роднини кои ги чекаат за заедничка посета на Папата...



Lo Sceicco Bianko
Италија/ 1952 година
35мм/ 83`

Режија: Федерико Фелини
Сценарио: Микеланџело Антониони
Улоги: Алберто Сорди, Брунела Бово, Леополдо Триесте, Џулиета Месина

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.