Користејќи ги кратките приказни на Рејмонд Карвер како појдовна точка, американскиот режисер Роберт Алтман, кој е познат по својот неконформизам, исткајува таписерија од приказни за современата средна класа во Лос Анџелес. Раскажувајќи за разните етапи на одбивање, бес и очај низ кои минуваат неколку двојки, Алтман ги открива заедничките црти на семејната дисфункционалност и брачната неслога во блесокот на сонцето над Јужна Калифорнија. Филмов е и важен социолошки артефакт за животот во Лос Анџелес во доцниот 20. век.
SHORT CUTS
САД/ 1993 година
35мм/ 187`
Режија: Роберт Алтман
Сценарио: Роверт Алтман, според расказите на Рејмонд Карвер
Улоги: Енди Мекдауел, Брус Дејвисон, Тим Робинс, Медлин Стоув, Питер Галагер, Френсис Мекдорманд, Метју Модин Џулијан Мур, Том Вејтс, Лили Томлин, Ени Рос, Лори Сингер

0 comments:
Post a Comment