Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

„Летно време“, 22 март (понеделник), 20 часот

Кинотеката на Македонија ќе ја започне Неделата на франкофонијата со филмот „Летно време“.

Дејствието се случува во лето. Во убавата семејна куќа, Фредерик, Адриен, Жереми и нивните деца го слават 75-от роденден на мајка им Елен Бертје, којашто целиот свој живот го посветила на зачувување на уметничкото наследство на чичкото, сликарот Пол Бертје. Неочекуваната смрт на Елен неколку месеци подоцна ќе ги натера да се соочат со обемните предмети од минатото. Дали ова, навидум среќно семејство, ќе остане заедно?


L'HEURE D'ÉTÉ
Франција/ 2008 година
35 мм/ 86`

Режија и сценарио: Оливер Асајас
Улоги: Жулиет Бинош, Шарл Беринг, Жереми Ренје

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.