Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

„Духот на времето: дополнување“, 13 и 14 март (сабота и недела), 20 часот

„Духот на времето: дополнување“ е продолжение на „Духот на времето: филмот“, снимен во 2007 година.

За разлика од првиот филм, кој навраќајќи се кон почетоците на христијанството, нападите на 11 септември 2001 година и банкарскиот систем, зборува за создавањето на митовите и нивната (зло)употреба од малкумина за да се контролираат народите, во дополнувањето, режисерот Питер Џозеф се обидува да ги открие главните причини за ваквата општествена корумпираност, но и да понуди решение. Решението не се заснова врз политика, морал, закони или што било друго измислено од човекот, туку врз современо сфаќање за тоа што сме и како се здружуваме со природата како нејзин составен дел. Филмот се залага за нов општествен систем, идеја смислена под големо влијание на долгогодишната работа на Жак Фреско и организацијата „Винус проџект“ (The Venus Project).


ZEITGEIST: ADDENDUМ
САД/ 2008 година
документарен филм/ 123`

Режија и сценарио: Питер Џозеф

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.