Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

„Кармен го сретнува Борат“ и „Песок“, 22 февруари (понеделник), 20 часот

Во Романија, жителите на селото Глод се соочуваат со дилеми по излегувањето на позната комедија „Борат“ на Саша Барон Коен, која ги прикажува како банда дивјаци што живее во Казахстан. Коен, кој се појавува во самиот филм, ги снимал сцените без да ги извести жителите - кои инаку не зборуваат англиски - за намерата. Кармен е 17-годишна немажена девојка која, благодарение на шпанските сапуници, сонува да замине за Шпанија. Во една сцена дури вели „Не смеам да се заљубам. Во спротивно, никогаш нема да заминам одовде“. Поттикнато од еден адвокат, нејзиното семејство ќе одлучи да поднесе тужба против студиото „Фокс“ за да ги добијат парите потребни за заживување на селото. И така настанува мешаница....


Carmen meets Borat/ 2008 година
Долгометражен документарен филм/ колор/ 85 минути
Режија: Мерцедес Шталенхоф

Покрај овој, ќе можете да го погледнете и 20-минутниот игран филм „Песок“.

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.