„Полска невеста“ е драма за љубовта што се раѓа помеѓу една Полјачка и еден земјоделец од Гронинген. Околностите ја принудуваат Ана да работи во бордел, но успева некако да избега оттаму. Исцрпена и преплашена, ја наоѓа земјоделецот Хенк кој и` нуди прибежиште....но минатото ја наоѓа и таму.
Филмот ја има добиено главната награда од публика на Ротердамскиот фестивал, како и награда на Канскиот фестивал и неколку награди дома. Ова е еден од најдобро продадените филмови во Холандија; прикажан е во 50 земји.
De poolse bruid
1999 година/ 86 минути
Режија: Карим Трајдија
Покрај „Полска невеста“, ќе биде прикажан и четириминутниот филм „Нотес“ (Notebook).

0 comments:
Post a Comment