Боб Харис е американски глумец во поодминати години. Заминува во Токио за да сними реклама за виски и ја сретува Шарлот, млада, убава и мажена за фотограф кој работи на проект во големиот град. Досадата ги исцрпува. Еден ден ќе се запознаат и стануваат чудно неразделни. Шарлот се обидува да си го најде местото во животот, а Боб ја поднесува просечноста на бракот што го чека во САД. Одделно и заедно осознаваат како е да се биде Американец во Токио. Културните и јазичните разлики си го прават своето. Нивната врска се продлабочува, а престојот во Токио се ближи кон својот крај....или само така ни се чини?
Lost in translation
САД/ 2003 година/ 102 минути
Режија и сценарио: Софија Копола
Улоги: Скарлет Јохансoн, Бил Мјуреј, Акико Такешита, Казијоши Минамимаго
Филмов има добиено „Оскар“ за најдобро сценарио, а беше номиниран и во категориите на најдобра машка главна улога, најдобра режија и најдобар филм.

0 comments:
Post a Comment