Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

„Дома“ (Home), 12 јуни (петок), 20ч.

По повод Денот на животната средина (5 јуни), во Кинотеката на Македонија ќе се одржи проекција на документарниот филм „Дома“, режиран од познатиот француски фотограф Јан Артис-Бертран.

Документарецот зборува за опстанокот на Земјата. Влијанието на нашето невнимание кон Земјата е многу поопасно отколку што си мислиме. Трошиме многу повеќе отколку што таа може да ни понуди - нејзините ресурси се речиси сосема истрошени. Гледајќи од небесниот простор, јасно забележливи се местата каде планетата е навистина „повредена“. Преку филмот, режисерот не` потсетува на актуелните проблеми, но и на фактот дека за нив постои решение. Филмот, чиј поднаслов би можел да гласи „Предоцна е да се биде песимист“, ги истакнува можните начини за спасување на животот на Земјата. Претставува само еден дел од мозаикот на еколошките организации за подигнување на свеста кај човекот за неговото постоење и за неопходноста од менувањето на животните навики.

Влезот е слободен.

http://www.youtube.com/watch?v=GItD10Joaa0

„На работ на рајот“ (Auf der anderen Seite), 9 јуни (вторник), 20ч.

Драмата, чие дејствие главно се одигрува во Бремен, Хамбург и Истанбул, ги раскажува приказните на шест луѓе: Неџат, Али, Јетер, Ајтен, Лоте и Сузане.
Неџат е интровертен професор по германистика, по потелко Турчин, чиј татко Али почнува врска со Јетер, турска проститутка. При една расправија, Али ќе ја удри, таа ќе падне лошо и ќе умре. По несреќава, Неџат решава да замине за Истанбул за да ја пронајде Ајтен, изгубената ќерка на Јетер.

Како тече филмот, дознаваме дека Ајтен е политичка активистка која бега од Истанбул во Германија, со надеж дека ќе добие политички азил. На факултетот ја запознава врсничката Лоте која и` помага да се скрие од полицијата додека да ја најде мајка си во Бремен.
На другата страна, во Истанбул, двете приказни се поврзуваат.


Филмот е добитник на Наградата за најдобро сценарио на Канскиот филмски фестивал, Филмската награда на Северна Германија во категоријата за најдобар игран филм, Европската награда за најдобар сценарист, Филмската награда на Баварија за најдобар режисер, Германската филмска награда во категориите најдобра режија и најдобро сценарио и на Германската филмска награда Златна лола. Во 2008 година, „На работ на рајот“ беше номиниран и за Оскар во категоријата Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје.

Филмот е снимен во 2007 година и трае 122 минути.

„Со глава в ѕид“ (Gegen die Wand/ Head On), 8 јуни (понеделник), 20ч.

Сибел е млада Турчинка, родена и порасната во Германија, која стапува во лажен брак со еден постар алкохоличар и зависник од дрога за да им се спротивстави на своите родители и нивните етички предрасуди.


Филмов е првиот дел од планираната трилогија „Љубов, смрт и ѓавол“ која Фатих Акин ја продолжи во 2007 година со филмот „На другата страна“.
Филмот се има закитено со Златната мечка на Берлиналето во 2004 година, Германската филмска награда и со Европската филмска награда истата година.


Филмот е снимен во 2004 година и трае 121 минута.

„Солино“ (Solino), 7 јуни (недела), 20ч.

Во фокусот на филмот е италијанското семејство Амато кое од Јужна Италија се преселува во рурската област во Германија. Дејствието е сместено во периодот од 1964 до 1984 година и ја раскажува судбината на семејството.

За овој филм, Фатих Акин ја има освоено Наградата за млади режисери ДЕФА (DEFA).

Снимен е во 2002 година и трае 124 минути.
 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.