По повод Денот на животната средина (5 јуни), во Кинотеката на Македонија ќе се одржи проекција на документарниот филм „Дома“, режиран од познатиот француски фотограф Јан Артис-Бертран.
Документарецот зборува за опстанокот на Земјата. Влијанието на нашето невнимание кон Земјата е многу поопасно отколку што си мислиме. Трошиме многу повеќе отколку што таа може да ни понуди - нејзините ресурси се речиси сосема истрошени. Гледајќи од небесниот простор, јасно забележливи се местата каде планетата е навистина „повредена“. Преку филмот, режисерот не` потсетува на актуелните проблеми, но и на фактот дека за нив постои решение. Филмот, чиј поднаслов би можел да гласи „Предоцна е да се биде песимист“, ги истакнува можните начини за спасување на животот на Земјата. Претставува само еден дел од мозаикот на еколошките организации за подигнување на свеста кај човекот за неговото постоење и за неопходноста од менувањето на животните навики.
Влезот е слободен.
http://www.youtube.com/watch?v=GItD10Joaa0
0 comments:
Post a Comment