Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

„Во јули“ (Im Juli), 6 јуни (сабота), 20ч.

Автостопирајќи на еден селски пат „некаде во Бугарија“, Даниел наидува на возач од Германија со турско потекло, кој застанал покрај патот за да ја прикрие со освежувач за воздух реата што се шири од трупот во багажникот. Кога Даниел ќе го праша дали може да појде со него, Германецот избезумено влегува во автомобилот и го прегазува. Кога Даниел ќе се освести, го моли Иса да го превезе со автомобилот, а овој го замолува да му раскаже како се нашол на тоа зафрлено место во Бугарија...Во една сцена, се појавува и Фатих Акин како романски граничар.


Филмот е снимен во 2000 година и тра 99 минути.

„Брзо и безболно“ (Kurz und schmerzlos), 5 јуни (петок), 20ч.

Филмот ја раскажува приказната за пријателството во една банда во Хамбург, составена од Турци, Грци и Срби. Турчинот Габриел, Србинот Боби и Гркот Коста имаат преживеано неколку ризични ситуации. Но кога Габриел ќе излезе од затвор, нештата се менуваат.

Филмот е добитник на неколку награди меѓу кои е и Филмската награда на Баварија и Бронзениот леопард на Меѓународниот филмски фестивал во Локарно.

Филмот е снимен во 1998 година и трае 100 минути.

Ретроспектива на филмовите на Фатих Акин (3-9 јуни)

Фатих Акин е германски режисер, сценарист, актер и продуцент. Се вбројува во интернационално најпознатите режисери од младата генерација во Германија. Неговите филмови, кои се многупати наградувани, постојано го тематизираат конфликтот што постои помеѓу неговото турско потекло и неговиот живот во Германија.  


„Минувајќи го мостот - Звукот на Истанбул“ (Crossing the Bridge - The Sound of Istanbul), 3* и 4** јуни (среда и четврток), 20ч.

Филмот го документира разновидниот и фасцинантен музички живот во турската метропола. Фатих Акин, кој е режисер и сценарист на филмот, го придружува Александер Хаке, музичар и басист во групата Einstürzende Neubauten, на патувањето низ музичкиот свет.


Филмот е снимен во 2005 година и трае 90 минути.


* На наше големо задоволство, гости на проекцијата ќе бидат групите Baba Zula и Orient Expressions кои следниот ден (4 јуни, четврток) имаат настап во рамките на овогодинешниот Оф фест.  
** На 4 јуни ќе има две проекции, во 18 и во 20 часот.
 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.