Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

„Девојката од Џерси“ (Jersey Girl), 11 и 12 април (сабота и недела), 20ч.

Оли Тринки е рекламен агент, среќно оженет со Гертруда со која чекаат бебе. Гертруда умира при породувањето, а Оли останува сам со ќеркичката. Не успева да се носи со загубата, па добива и отказ. Се преселува кај татка си кој му помага во „бебешките работи“. Работите тргнуваат на подобро кога ќе ја запознае Маја...

Режијата е на Кевин Смит.

Филмот трае 102 минути.

„Калибар 20 за специјалецот“ (Thunderbolt And Lightfoot), 9 и 10 април (четврток и петок), 20ч.

Режисерското деби на Мајкл Кимино ги следи авантурите на четворица мангупи во светот на криминалот. Клинт Иствуд глуми некогашен крадец („Громот“) кој, бегајќи од куршумите на еден убиец, скока во автомобилот на „Брзоногиот“ (Џеф Бриџис). Двајцата решаваат да го најдат пленот од претходната пљачка на „Громот“ пред до него да стигнат неговите поранешни партнери... но училишната зграда каде биле скриени парите, веќе не постои...

Филмот трае 115 минути.

„Живот на врвот“ (Life At The Top), 7 и 8 април (вторник и среда), 20ч.

Џо Ламптон има се` што сака - угледна сопруга, добра работа, две деца и нова куќа. Па сепак, не е задоволен зашто во последно време работата не му оди најдобро. Згора на тоа, ќе открие дека жена му го изневерува...
Режијата е на Тед Кочев.
Филмот трае 117 минути.
 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.