Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

„Вода и оган“, 19 март (четврток), 20:30ч.

Во најголемата опсерваторија Паренал (Чиле) еден астроном зборува за последните човечки сознанија за универзумот. Потоа се запознаваме со првите чекори на праисторискиот човек во околината на Килиманџаро направени пред 3.600.000 години...
Натаму следува главната приказна... Флората и фауната како што космосот ги создал. Животот како врвен постулат на универзумот на убавата планета Земја. Чудесната хармонија меѓу животинскиот и растителниот свет. Водата и воздухот како извор на животот. Огнот како божји дар на громовите. Понатаму се случува главното - човекот. Тој што најмногу знае почнува да уништува сè. Дури ни огнот, водата и воздухот не можат да се одбранат од него. За животните, билките, дрвјата, шумите и да не зборуваме. Природата се побунува со ветришта, поплави, пожари... Дали е тука крајот? Стрелката на животот на планетата Земја се движи во таа насока...


Филмот "Вода и оган" е документарен филм во режија на светски познатиот и признат македонски уметник Киро Урдин. Трае 60 минути, а во него играат Тера Селишкар, Драган Спасов Дац и Пол Валени.

„Американски вереници“ (American fiancées), 19 март (четврток), 19ч.


Мирен викенд во куќата на Родика и Раду Пана. Се прославува враќањето на Марија, некогашна пријателка на Родика и поранешна свршеничка на Раду. По 16 години поминати во Америка, таа се враќа во родната земја. Дојдена е за да разбере од „прва рака“ зошто во САД ја сметаат за лажен дезертер, зошто нејзиниот свршеник не дошол по неа како што било договорено, а особено кој ја „препорачал“ на тајната романска полиција како можен колаборатор. За кратко време, се откриваат сите тајни.


Филмот е во режија на Николае Маргинеану и трае 85 минути.

„Еден поинаков човек“ (Un autre homme), 18 март (среда), 20ч.


Франсоа воопшто не се разбира од филм, но мора да пишува филмски хроники за малиот дневен весник од Вале де Жу. Роза е призната филмска критичарка која работи во најголемиот дневник во земјата. Помеѓу нив двајца се развива една крајно необична врска. 
 
Филмот е во режија на Лионел Баер и трае 90 минути.

„Јас и мојот белец“ (Moi et mon blanc), 17 март (вторник), 20:30ч.


Јас и мојот белец е авантуристички филм и современа драмска комедија. Мамади се обидува да ја заврши докторската дисертација во Париз иако повеќе месеци не ја добил стипендијата што му ја доделува неговата земја. Со помош на пријатели, успева да се вработи како ноќен чувар на подземен паркинг. Французинот Френк му помога да се снајде во работата. Но паркингот е збирно место и на сомнителни лица, па кога Мамади случајно ќе прекине една зделка на дилери на дрога, Френк е тој што треба да ги спасува. Можеби најсигурно за Мамади е да се врати во својата земја.....  


Филмот е во режија на Пјер Јамеого и трае 90 минути.

„Следејќи ја“ (Dupa ea), 17 март (вторник), 19ч.

Тој беше исполнет и среќно оженет сè до денот кога здогледува убава жена на велосипед. Непозната и привлечна жена. Не успева да си ја замисли, па решава да ја следи за да биде блиску до неа.

Филмот е во режија на Кристина Јонеску и трае 90 минути.

* Вечерашната проекција започнува во 19ч.

„Кој ме сака, ќе ми се придружи“ (Qui m'aime me suive ), 16 март (понеделник), 20:30ч.

Максим Марешал, 35-годишен блескав лекар, живее удобен и мирен живот со својата сопруга Ана, адвокатка, сè до денот кога ќе ја сретне пејачката Шин и ќе реши да го исполни својот сон: да пее во рок-група. Неговиот и животот на неговите блиски потполно се менува....


Филмот е во режија на Беноа Коен и трае 100 минути.

* Вечерашната проекција започнува во 20:30ч.

„Елдорадо“ (Eldorado), 15 март (недела), 20ч.

Иван е 40-годишен темпераментен и осамен човек, дилер на стари автомобили, кој неочекувано го фаќа наркоманот Ели како се обидува да го ограби. Но не го претепува, ниту пак вика полиција. Ели му станува некако чудно мил, па решава да го врати дома кај родителите. Патувањето низ Белгија со стариот Шевролет е повеќе од возбудливо.




Филмот е во режија на Були Ланерс кој воедно толкува и една од улогите. Снимен е минатата година и трае 80 минути.




 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.