„Јас и мојот белец“ е авантуристички филм и современа драмска комедија. Мамади се обидува да ја заврши докторската дисертација во Париз иако повеќе месеци не ја добил стипендијата што му ја доделува неговата земја. Со помош на пријатели, успева да се вработи како ноќен чувар на подземен паркинг. Французинот Френк му помога да се снајде во работата. Но паркингот е збирно место и на сомнителни лица, па кога Мамади случајно ќе прекине една зделка на дилери на дрога, Френк е тој што треба да ги спасува. Можеби најсигурно за Мамади е да се врати во својата земја.....
Филмот е во режија на Пјер Јамеого и трае 90 минути.

0 comments:
Post a Comment