Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

Промоција на книга, 24 јуни (среда), 11ч.

Утре, со почеток во 11ч, ќе биде промовирана четвртата книга на режисерот Горан Тренчовски, насловена како Парс про тото. Книгата ќе ја претстават филмскиот критичар Илинденка Петрушева, проф. д-р Сашко Насев и д-р Васе Манчев. Во книгава се содржани повеѓе есеи и огледи за седмата уметност, како и една студија за краткиот игран и документарен филм.


Во рецензијата на крајот од книгата, академик Митко Манџуков пишува за Тренчовски како за „интелегентен автор кој во своите книги ја преиспитува сопствената пракса“, додавајќи дека тие се „налик на неговата блескава театарска сцена, натопена со атмосфера, и на неговите кратки филмови кои долго се паметат.“ Книгата е во издание на Улис.

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.