„Нели ти реков“ (Didn), 17ч.
По пропаста на Илинденското востание, повеќе разбиени чети продолжуваат да и` даваат отпор на турската власт. Опасноста која им се заканува од турските потери е многу помала од онаа од врховистичките чети кои, потпомогнати од кодошите, без борба ги убиваат македонските борци за слобода. Александар Турунџе доаѓа во селото каде треба да се сретне со својата дружина. Молкот во селото го предупредува на претпазливост. Овој период е, всушност, време на разврска, но и време на беспоштедна пресметка не само со непријателот, туку и со сопствените убедувања и идеали. Во дадената драмска ситуација, востаниците од „Нели ти реков“ несомнено ги преживуваат утописките мигови на својот живот, но не и на својата револуционерна акција која, на некој начин, е нивната единствена, но сигурна врска со вечноста.
Филмот е снимен во 1984 година во режија на Стево Црвенковски и трае 97 минути.
„Потрага“ (Chaser), 19ч.
Девојките на макрото, поранешен детектив, исчезнуваат една по една, па тој се обидува да го фати серискиот убиец. Извонредно режиран, филмот е шокантно мрачен трилер и е еден од најгледаните во киносалите во Јужна Кореја.
Режијата е на На Хонг-Џин. Филмот трае 123 минути.
„Валцер со Башир“ (Waltz wit Bashir), 21ч.
На минатогодишниот Кански фестивал, специфичниот анимиран документарец на Ари Фолман „Валцер со Башир“ допре една табу тема која никогаш порано не била третирана во израелските медиуми. Филмската хроника го анализира очигледното соучество на Израелците во масакрот од јуни 1982 година, кога либански фалангисти масакрираа околу 3000 палестински цивили во Сабра и Шатила, двата кампа за бегалци во Бејрут. Овој неверојатен филм го екранизира личното искуство на режисерот и претставува прв анимиран документарец. Контроверзната тема и замената на реалните интервјуа со анимирани секвенци го прават овој филм совршен.
Филмот е во режија на Јони Гудман и трае 87 минути.
„Сукијаки вестерн Џанго“ (Sukiyaki Western Django), 23ч.
Два клана се борат за легендарното богатство закопано во планините. Еден ден, во градот пристигнува мистериозен странец, емотивно оштетен пиштолџија со извонредни пукачки способности. Двата клана се обидуваат да го придобијат на своја страна, но тој има други намери. Нечисти игри, предавство, страст и љубов се судруваат и експлодираат во конечна разврска.
Филмот е во режија на Такаши Миике и трае 121 минута.



0 comments:
Post a Comment