Комична драма за млад човек кој работи на мала железничка станица за време на Втората светска војна. Чехословачка е окупирана, а Милош Хрма копнее да ја изгуби невиноста. Во услови на војна, тој запознава еден нов свет на фрустрација, еротика и авантура, сексуално се просветлува и се пронаоѓа себеси. Учествува во заговорот да се минира еден германски воз со муниција, но планот „паѓа“ во вода, а тој е ставен пред свршен чин.
Филмот е во режија на големиот чешки актер и режисер Јиржи Менцел и трае 93 минути.
Во 1968 година, филмот доби Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје.

0 comments:
Post a Comment