Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

Сицилијанецот, 8 и 9 ноември 2008 во 20 ч. [Кинотека]

Сицилијанецот (The Sicilian) е акциски филм од 1987 година, базиран на истоимената новела на Марио Пузо. Режисер на филмот е Мајкл Чимино, а главните улоги се на Кристофер Ламберт и Теренс Стамп.



Патриотот и вистинскиот Робин Худ - Салваторе Џулиано, познатиот бандит кој со своите герилици се обидува да ја ослободи Сицилија во 1950тите години од Италјанско владение и да ја направи држава на САД. Џулијано краде од богатите, конзервативни земјопоседници и дава на сиромашните селани-слуги, кои го слават како нивен спасител. Како што расте неговата популарност, расте и неговото его, и тој почнува да мисли дека е над моќта на неговиот поддржувач Донот на мафијата - Масинo Кроче. Донот почнува да прави план за негово убиство, убедувајќи го неговиот братучет и најблизок соработник Гаспаре да го убие.

Книгата „Сицилијанецот“е базирана на книгата „Кум“ и се смета како нејзино литературно продолжение. Сепак, поради нерешени прашања со авторските права ликовите на Мајкл Корлеоне и Клеменца, не се вклучени во филмот.

(Никулец на мк.Википедија.)

Филмот трае 146 минути.

Сицилијански браќа 6 и 7 ноември 2008 г. во 20ч [Кинотека]

Сицилијански браќа е филм од 1968 година, режиран од Мартин Рит.


Синот на моќен мафијашки дон се враќа дома после воена служба во Виетнам и сака сам да си го води животот, но семејната традиција, интригите и препирките за моќ на неговиот постар брат полека го вметнуваат и него во тој свет.

Филмот трае 96 минути.

(Никулец на мк.Википедија)

Ладнокрвниот, 4 и 5 ноември 2008 г. во 20ч. [Кинотека]

Ладнокрвниот е филм од 1967 базиран на истоимениот роман на Труман Капот. Адаптацијата на текстот и режијата е на Ричард Брукс. Некои од сцените се снимани на локации каде вистинските настани се случиле, поточно во Гарден Сити и Холкомб Канзас, вклучувајќи ја и куќата на Клатери - местото на убиствата. Во филмот настапуваат Роберт Блејк како Пери Смит, Скот Вилсон како Ричард Хикок и Џон Форсајт како Алвин Дуи. Иако филмот е во делови верен на романот, Брукс го има додадено фиктивниот карактер на „Известувачот“ (игран од Пол Стјуарт). Овој филм истовремено е првиот комерцијален филм во САД каде се користи зборот „срање“ (анг. shit).



Пери Смит и „Дик“ Хикок осмислуваат план да влезат во домот на семејството Клатер, поради купче пари кои г-ѓа Клатер наводно ги чува во домашен сеф. Додека двајцата криминалци мислат дека нивниот план за грабеж е издржан, тој бргу пропаѓа резултирајќи со убиство на г-дин и г-ѓа Клатер, како и две од нивните тинејџерски деца. Телата на семејството се пронајдени иднииот ден и полициската истрага веднаш започнува.

Филмот трае 134 минути.

(Никулец на мк.Википедија)
 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.