Ладнокрвниот е филм од 1967 базиран на истоимениот роман на Труман Капот. Адаптацијата на текстот и режијата е на Ричард Брукс. Некои од сцените се снимани на локации каде вистинските настани се случиле, поточно во Гарден Сити и Холкомб Канзас, вклучувајќи ја и куќата на Клатери - местото на убиствата. Во филмот настапуваат Роберт Блејк како Пери Смит, Скот Вилсон како Ричард Хикок и Џон Форсајт како Алвин Дуи. Иако филмот е во делови верен на романот, Брукс го има додадено фиктивниот карактер на „Известувачот“ (игран од Пол Стјуарт). Овој филм истовремено е првиот комерцијален филм во САД каде се користи зборот „срање“ (анг. shit).
Пери Смит и „Дик“ Хикок осмислуваат план да влезат во домот на семејството Клатер, поради купче пари кои г-ѓа Клатер наводно ги чува во домашен сеф. Додека двајцата криминалци мислат дека нивниот план за грабеж е издржан, тој бргу пропаѓа резултирајќи со убиство на г-дин и г-ѓа Клатер, како и две од нивните тинејџерски деца. Телата на семејството се пронајдени иднииот ден и полициската истрага веднаш започнува.
Филмот трае 134 минути.
(Никулец на мк.Википедија)

0 comments:
Post a Comment