Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

Честа на Прициеви, 1 и 2 ноември 2008 г. во 20ч [Кинотека]

Честа на Прициеви е црна комедија од 1985 која раскажува приказна за мафијашки платени убијци кои се заљубуваат еден во друг, иако се најмени да се убијат. Во главните улоги се наоѓаат Џек Николсон, Кетлин Тарнер, Роберт Лоџија и Анџелика Хјустон.



Филмот е напишан од Ричард Кондон и Џенет Роуч според романот на Кондон. Режиран е од Џон Хјустон, а оригиналната музика е компонирана од Џакомо Пучини и Алекс Норт.

Филмот трае 130 минути.

(Никулец на мк.Википедија)

Под вулканот, 30 и 31 октомври 2008 г. во 20 ч. [Кинотека]

Под вулканот (Under the Volcano) е филм од 1984 година, снимен во Мексико, под режисерската палка на Џон Хјустон, со Алберт Фини, Жаклин Бисе, Ентони Ендрјуз и Кејти Џурадо во главните улоги. Филмот беше номиниран за оскар за главна машка улога и најдобра оригинална филмска музика.

Филмот е базиран на новелата на англискиот писател Малколм Лоури од 1947 година. Истата година, книгата е адаптирана и за радио.

Останувајќи верен на оригиналната новела, филмот на Хјустон ја раскажува приказната за Џефри Фирмин, алкохоличар и британски конзул во малиот мексикански град Кванауак, на празникот на Денот на мртвите во 1938 година.

(Никулец на мк.Википедија.)

Филмот трае 112 минути.

Мексико во пламен, 28 и 29 октомври 2008 г. во 20ч. [Кинотека]

Заедно со Артуро Рипштајн и Хаиме Хермосило, Фелипе Казалс е еден од водечките мексикански режисери од 70-тите и 80-тите кој да работи и денес. Казалс, кој потекнува од независната продукција, успева да се снајде во високобуџетната мексиканска продукција и да ни донесе реалистичен филм за големиот револуционер Емилијано Запата.

Филмот трае 120 минути.

Акција за атентат, 26.10.2008 г. во 20ч. [Кинотека]

Акција за атентат е филм од 1973 за атентатот врз претседателот на САД, Џ.Ф. Кенеди, напишан од Далтон Трамбо, Доналд Фрид и Марк Лејн.

Овој филм е еден од двата американски филмови кои прикажуваат драматизација на атентатот врз Џ.Ф. Кенеди како заговор. Вториот филм е ЏФК на режисерот Оливер Стоун. И покрај многуте сличности со заплетот во ЏФК, Акција за атентат претставува далеку подиректен и неемотивен запис за атентатот на Кенеди. Филмот е направен скоро во документаристички стил и очигледно е дека бил сниман со мал буџет и покрај учеството на две познати холивудски имиња, Роберт Рајан и Берт Ланкастер. Уште една голема разлика со ЏФК е дека приказната е раскажана тотално од перспектива на заговарачите.



Првата сцена се случува во јуни 1963 година и прикажуца собир на индустријалци, политички и поранешни разузнавачки личности кои ја искажуваат својата се поголема несогласност со работата на администрацијата на Кенеди. Ликот на Роберт Рајан, веројатно тексашки нафтен барон, заедно со другите се обидуваат да го убедат Фергусон, моќен нафтен магнат, да ги поддржи нивните планови за атентат врз Кенеди. Тој останува неубеден, кажувајќи: „Не ми се допаѓаат такви интриги. Тие се прифатливи само кога се неопходни а дозволиви кога успеваат“. Берт Ланкастер, специјалист за црни операции е исто така присутен на собирот. Филмот тогаш се префрла во некоја пустиња, каде снајперисти вежбаат на подвижна мета. Еден од стрелците изјавува дека погодок може да се гарантира само доколку метата се успори на 24 km/h.

Филмот трае 91 минути.

(Никулец на мк.Википедија)
 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.