Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

Акција за атентат, 26.10.2008 г. во 20ч. [Кинотека]

Акција за атентат е филм од 1973 за атентатот врз претседателот на САД, Џ.Ф. Кенеди, напишан од Далтон Трамбо, Доналд Фрид и Марк Лејн.

Овој филм е еден од двата американски филмови кои прикажуваат драматизација на атентатот врз Џ.Ф. Кенеди како заговор. Вториот филм е ЏФК на режисерот Оливер Стоун. И покрај многуте сличности со заплетот во ЏФК, Акција за атентат претставува далеку подиректен и неемотивен запис за атентатот на Кенеди. Филмот е направен скоро во документаристички стил и очигледно е дека бил сниман со мал буџет и покрај учеството на две познати холивудски имиња, Роберт Рајан и Берт Ланкастер. Уште една голема разлика со ЏФК е дека приказната е раскажана тотално од перспектива на заговарачите.



Првата сцена се случува во јуни 1963 година и прикажуца собир на индустријалци, политички и поранешни разузнавачки личности кои ја искажуваат својата се поголема несогласност со работата на администрацијата на Кенеди. Ликот на Роберт Рајан, веројатно тексашки нафтен барон, заедно со другите се обидуваат да го убедат Фергусон, моќен нафтен магнат, да ги поддржи нивните планови за атентат врз Кенеди. Тој останува неубеден, кажувајќи: „Не ми се допаѓаат такви интриги. Тие се прифатливи само кога се неопходни а дозволиви кога успеваат“. Берт Ланкастер, специјалист за црни операции е исто така присутен на собирот. Филмот тогаш се префрла во некоја пустиња, каде снајперисти вежбаат на подвижна мета. Еден од стрелците изјавува дека погодок може да се гарантира само доколку метата се успори на 24 km/h.

Филмот трае 91 минути.

(Никулец на мк.Википедија)

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.