Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

Есенска соната, 7. јуни 2008 г. во 20ч. (Кинотека)

„Есенска соната“ е шведски филм од 1978 кој бил номиниран за Оскар а напишан и режиран од Ингмар Бергман. Во филмот играат Ингрид Бергман, Лив Улман и Лена Ниман. Филмот ја раскажува приказната за позната пијанистка конфронтирана од нејзината занемарена ќерка.

Филмот е сниман во Норвешка, поради даночните проблеми на Ингмар Бергман во Шведска. Тоа е последниот настап на Ингрид Бергман во голем филм кој бил прикажуван во кино.

Филмот освоил Златен глобус во 1979 година за Најдобар филм од странско говорно подрачје. Бил номиниран и за Оскар за Најдобра актерка во главна улога (Ингрид Бергман).



Средбата меѓу ќерката Ева и мајката Шарлот, со големо нетрпение очекувана и од двете страни, нема да ги надмине повеќегодишните недоразбирања. Напротив, наместо помирување, Еве ќе ја обвини мајка си (светски позната пијанистка) дека поради кариерата ја напуштила уште додека била дете одземајќи и ја толку неопходната мајчинска љубов.

Филмот трае 99 минути.

(Никулец на мк.Википедија)

Лето со Моника, 6. јуни 2008 г. во 20ч. [Кинотека]

„Лето со Моника“ е шведски филм од 1953 година режиран од Ингмар Бергман. Филмот разгоре контроверза поради отвореното прикажување на голотија, па заедно со филмот „Едно лето среќа“, режиран од Арне Матсон, ja засадија репутацијата за Шведска како сексуално ослободена земја.

Филмот направил ѕвезда од главната глумица, Хариет Андерсон. Бергман имал интимна врска со Андерсон во тоа време и го замислил филмот како средство за нејзина промоција. Двајцата ќе направат уште неколку заеднички филмови, дури и откако нивната романтична врска завршила.



Приказната започнува со работничкото миље во Стокхолм. Хари и Моника се вљубуваат еден во друг. Кога Моника ќе западне во домашни невољи, заедно со Хари бегаат и поминуваат идилично лето во Стокхолмскиот архипелаг. Кога крајот на летото ги принудува да се вратат дома, јасно е дека Моника е бремена. Хари, во обид да постапи правилно, превзема одговорност и се скрасува со Моника и нивното дете. Се вработува и истовремено студира за да го обезбеди семејството. Но Моника е незадоволна со нејзината улога на домаќинка. Таа копнее за возбуда и авантура, желба која на крајот ќе ја натера да ги остави Хари и детето.

Филмот трае 96 минути.

(Никулец на мк.Википедија)

Јас сум од Титов Велес, 3 - 5 јуни 2008 во 20 ч. [Кинотека]

„Јас сум од Титов Велес“ продолжува и во новиот месец со три проекции. Цената на билетите е 120 денари.
 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.