Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

Лето со Моника, 6. јуни 2008 г. во 20ч. [Кинотека]

„Лето со Моника“ е шведски филм од 1953 година режиран од Ингмар Бергман. Филмот разгоре контроверза поради отвореното прикажување на голотија, па заедно со филмот „Едно лето среќа“, режиран од Арне Матсон, ja засадија репутацијата за Шведска како сексуално ослободена земја.

Филмот направил ѕвезда од главната глумица, Хариет Андерсон. Бергман имал интимна врска со Андерсон во тоа време и го замислил филмот како средство за нејзина промоција. Двајцата ќе направат уште неколку заеднички филмови, дури и откако нивната романтична врска завршила.



Приказната започнува со работничкото миље во Стокхолм. Хари и Моника се вљубуваат еден во друг. Кога Моника ќе западне во домашни невољи, заедно со Хари бегаат и поминуваат идилично лето во Стокхолмскиот архипелаг. Кога крајот на летото ги принудува да се вратат дома, јасно е дека Моника е бремена. Хари, во обид да постапи правилно, превзема одговорност и се скрасува со Моника и нивното дете. Се вработува и истовремено студира за да го обезбеди семејството. Но Моника е незадоволна со нејзината улога на домаќинка. Таа копнее за возбуда и авантура, желба која на крајот ќе ја натера да ги остави Хари и детето.

Филмот трае 96 минути.

(Никулец на мк.Википедија)

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.