Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

Вечер на Трајче Попов, 27 мај 2008 во 20 часот [Кинотека]





Пауза од неколку дена во Кинотека, и потоа следни некој специјален настан.

Ќе се прикажуваат следните филмови:

Жито за народот (1947, 9 мин.);
Ритам и звук (1955, 20 мин.);
Шарпланинецот Мургош (1960, 15 мин.);
Птици и риби (1961, 14 мин.);
Бараме леб (1962, 12 мин.);
Довикување на пролетта (1968, 14 мин.);
Ликвидатор (1983, 13 мин.).

На 27 мај (вторник) во 20.00 часот, во Кинотеката на Македонија ке се одржи вечер посветена на македонскиот режисер Трајче Попов на која постхумно ке биде доделено признанието „Златен објектив“. Признанието ке го прими неговото семејство, македонскиот режисер Столе Попов - син и Лидија Попова, керка на Трајче Попов.
„Златен објектив“ е награда која ја востанови Кинотеката на Македонија и се доделува еднаш годишно на автори кои имаат дадено особен придонес во развојот на македонската кинематографија. Досега ова признание го имаат добиено Бјагоја Дрнков и Ацо Петровски. Програмата е составена од седум „евергрин“ филмови на големиот мајстор на краткиот метар што се реализирани во период од 1947 - 1983 година.

Боли ли?, 18 - 23 мај 2008 во 20 ч. [Кинотека]

Циклусот македонски филмови во Кинотека продолжува со „Боли ли“. „Боли ли“ е македонски филм од 2007 година во режија на Анета Лешниковска. Улогите ги играат Игор Џамбазов, Ирена Ристиќ, Дејан Лилиќ, Висар Вишка, Бошко Бозаџиевски, Даниела Стојковска, Милиана Додевска и др.



Пред секоја проекција на првата балканска догма, ќе има кратко филмче и тоа по следниот распоред.

18 и 19 мај: Три минути во светот на Мирослав Барток
Анимиран филм од 1976 година во режија на Дарко Марковиќ. Филмот е анимација на 32 карикатури кои биле изложени на Седмата светска галерија на карикатури во Скопје, како самостојна изложба на Мирослав Бартак од Чехословачка.

20 и 21 мај: Ближни наши
Анимиран филм од 1977 година во режија на Боро Пејчинов.
Филмот е анимациски приказ на десет различни теми со наслови: Слободно творештво, А н с, 69, Продуктивност, Автобиографија, Шутирање, Тиранија, Технобирократија, Инвестиција и Ротација. Главните „јунаци“ на кратките стории се предмети кои се дел од човековото секојдневие.

22 и 23 мај: Повлечи - потегни
Анимиран филм до 1978 година во режија на Мице Јанкуловски.
Најобичното, секојдневно повлекување на јажето од казанчето во тоалетот, овој пат предизвикува необични, несекојдневни и непредвидливи ситуации. Автоматизмот на дејствието не е возможно да се прекине, при што се доаѓа и до автоматизам на мислите, така што нема свесно расудување.
 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.