Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

Едвард, 16 и 17 мај 2008 г. во 20 ч. [Кинотека] - Бесплатна проекција

Едвард (Eduart) е грчки филм од 2006 година во режија и сценарио на Анџелики Антониу. Во главните улоги настапуваат Адријан Азири, Ешреф Дурмиши, Андре Хеника и Еди Механа. Филмот е добитник на наградата за најдобар грчки филм на меѓународниот фестивал во Солун.



Филмот е вистинска приказна албански имигрант кој во Грција е затворен за убиство.

(Баш никулец на мк.Википедија)

А еве го и апелот од Кинотека:
На 16 и 17 мај во Кинотеката на Македонија ќе биде прикажан филмот Едвард (Eduart). Филмот е во грчко - германска копродукција со учество на Албанија, Косово, а дел од филмот е сниман и во Македонија. Во филмот главна улога игра и нашиот актер Адриан Азири (повеке информации на www.imdb.com/title/tt0954926/).

Оваa проекција е дел од започнувањето на долгорочен проект во соработка со Гете институтот во кој планираме да прикажуваме филмови кои се Германско-Балкански копродукции. Филмот ќе биде прикажан на традиционална филмска проекција (35mm филмска лента) и е негово прво прикажување во Македонија. На проекцијата во петок ќе присуствува и еден од неговите продуценти: Јост Херинг, а ќе биде присутен и Адриан Азири.

Се планира по прикажувањето на филмот да има дискусија во која би се разговарало за можностите за развој на филмот меѓутоа и за теми кои генерално се однесуваат на нашето општество. Мислам дека тука и Вие (новинарите и лугето од медиумите) како луге кои сте целосно упатени во оваа проблематика можете да дадете голем придонес.

Влезот е бесплатен.

Кинотвитер: Кинотека преку Twitter

Уште едно подобрување за поедноставно следење на програмата на Кинотека. Од сега, покрај преку e-mail, rss и календар, програмата може да се следи и преку twitter:

http://twitter.com/kinoteka

Да речеме дека twitter-от сѐ уште е во тест фаза, но единствен начин да се тестира е да почнат да го следат луѓе.

Патем, им се извинувам на сите кои добија некои тестни настани на календарот.
 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.