Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

Гоја во Бордо, 19 и 20 април 2008 г. во 20ч. [Кинотека]

„Гоја во Бордо“ е филм од 1999 година, режиран од Карлос Саура a снимен од Виторио Стораро, за последните денови на Франциско Гоја - познатиот шпански сликар. Филмот има добиено 12 награди, меѓу кои Европска филмска награда (кинематографија), 5 Шпански филмски награди „Гоја“, меѓу кои за најдобар актер и кинематографија и награда од фестивалот во Монтреал.



Франциско Гоја, е во доброволен егзил во Бордо, како протест против апсолутизмот во Шпанија. Во последните денови од неговиот живот, тој, во придружба на неговата последна жена Леосаида и ќерката Росарио, се присеќа на изминатиот живот. Режисерот Карлос Саура и снимателот Виторио Сторато ги раскажуваат приказните обидувајќи се да го вметнат сликарството на Гоја во секој кадар.

(Никулец на мк.Википедија)

Филмот трае 106 минути.

Буре барут, 17 и 18 април 2008 г. во 20ч. [Кинотека]

„Буре барут“ е филм на Горан Паскаљевиќ од 1998 година, снимен според истоимениот драмски текст на Дејан Дуковски. Филмот ја има добиено наградата Бронзена камера 300 од фестивалот „Браќа манаки“ за кинематографија (добитник е Милан Спасиќ), a победил и на фестивалот во Венеција (FIPRESCI) и на Европските филмски награди (FIPRESCI).

Ансамбл од познати актери од балканот учествуваат во филмот, меѓу кои Небојша Глоговац, Мики Манојловиќ, Мирјана Карановиќ, Воја Брајовиќ, Богдан Диклиќ, Тони Михајловски и Никола Ристановски.



Белград, во средина на деведесетите години е место каде се вкрстуваат неколку одвоени приказни. Насилството станува дел од секојдневието. Во мачната атмосфера на се поголема бруталност, од која не се гледа излез, главен мотив на приказните станува прашањето: „Кој е крив?“

(Никулец на мк.Википедија)

Филмот трае 102 минути.

Копнежот на Вероника Фос, 16 април 2008 г. во 20 ч. [Кинотека]

Копнежот на Вероника Фос (гер. Die Sehnsucht der Veronika Voss) е западно германски филм од 1982 година во режија на Рајнер Вернер Фасбиндер (гер. Rainer Werner Fassbinder). Во главните улоги настапуваат Росел Цех (гер. Rosel Zech), Хилмар Тате (гер. Hilmar Thate), Корнелија Фробес (гер. Cornelia Froboess), Анамарија Дурингер (гер. Annemarie Düringer), Дорис Шаде (гер. Doris Schade).

Филмот е вториот од трилогијата BRD на Фасбиднер и снимен е помеѓу „Бракот на Марија Браун“ и „Лола“.



Вилмот е до некаде базиран на кариерата на актерката Сибил Шмитц (гер. Sybille Schmitz) и е под влијание на „Булевар на зајдисонцето“ на Били Вајлдер.

Минхен, 1955. Вероника Фос е поранешна популарна филмска ѕвезда која сега се мачи да добие улоги. Таа се среќава со спортскиот новинар Роберт Крон и е импресионирана од тоа што тој не знае која е таа. Двајцата започнуваат љубовна врска, иако Роберт веќе живее со својата девојка Хенриета, која ја разбира неодоливата појава на Вероника. Однесувањето на вероника е очајничко, и како што Роберт станува дел од нејзиниот живот, тој дознава дека таа е заложник на психијатарот Др. Мариан Катц. Докторката ѝ препишува лекови кои ја прават Вероника зависна и таа ја користи својата моќ за да го исцеди богатсвото на актерката. За да ги потврди своите сомнежи Роберт ја тера Хенриета да ѝ пристапи на докторката и да се претстави како богата жена на која ѝ е потребна психолошка помош. Докторката ѝ препишува опијат на Хенриета, но подоцна ја гледа како разговара од говорница пред ординацијата. Потоа таа ја убива Хенриета и успешно ги крие доказите пред Роберт да дојде со полицијата. Филмот завршува трагично со тоа што докторката и нејзините соработници ја принудуваат Вероника да им го препише сето свое богатство ним и ѝ даваат фатална дозна на пилули. По смртта на Вероника, Роберт ја следи прославата на измамниците, но не може да направи ништо.

(Никулец на мк.Википедија.)

Филмот трае 104 минути.

Марта, 15 април 2008 г. во 20 ч. [Кинотека]

Марта (гер. Martha) е западно германски филм од 1973 година во режија на Рајнер Вернер Фасбиндер (гер. Rainer Werner Fassbinder). Режисерот сценариото го пишува заедно со Корнел Ворлих (гер. Cornell Woolrich), а во главните улоги настапуваат Маргит Карстенсен (гер. Margit Carstensen), Карлхаинц Бом (гер. Karlheinz Böhm), Барбара Валентин (гер. Barbara Valentin), Петер Чател (гер. Peter Chatel) и Жизела Факелди (гер. Gisela Fackeldey).



Главните ликови на Фасбиндер се обични луѓе, мажи или жени, кои се жртви на своите романтични илузии, кои од друга страна го загрозуваат општествениот статус кво.

Марта е мелодрама за суровоста на буржујскиот брак во кој се наоѓа една импулсивна жена со глад за животот. Таа се мажи со богат, софистициран маж кој ја мрази нејзината спонтаност, невиност и чувство за себе. Тој се обидува да ја направи како него - одраз на неговиот буржујски интереси. Првичната желба на Марта да биде допадлива на оние околу неа, ја бутка до таков екстрем што таа е подготвена да ужива во потчинетоста што ѝ се наметнува. На крајот, таа тоа го прифаќа како природен дел од животот и дури почнува да ужива во тоа.

(Никулец на мк.Википедија.)

Филмот трае 112 минути.

Али: Стравот ја јаде душата, 14 април 2008 г. во 20 ч. [Кинотека]

Али: Стравот ја јаде душата (гер. Angst essen Seele auf) е западно германски филм од 1974 година напишан и режиран од Рајнер Вернер Фасбиндер (гер. Rainer Werner Fassbinder). Главните улоги се на Бригит Мира (гер. Brigitte Mira) и Ел Хеди бен Салем (гер. El Hedi ben Salem). Филмот е добитник на две награди на Канскиот филмски фестивал и се смета дека е едно од најмоќните дела на Фасбиндер. Бригит Мира има добино германска филмска награда за својата улога.



Приказната е за Али (Салем), млад марокански гастербајтер и Еми (Мира), шеесетгодишна вдовица која чисти прозорци. Се среќаваат кога Еми ќе се скрие во еден бар за да се скрие од дождот, а привлечена од егзотичната музика. Шанкерката Барбара му предлага на Али да ја покани Еми да играат и таа се согласува. Се развива чудно и невообичаено пријателство, потоа романса и на крај одлучуваат да стапат во брак. Тоа што следи е огорчена и насилна реакција поради нивната врска. Соседите им се закануваат, се жалат дека зградата сега е прљава. Колешките ја избегнуваат Еми, а Али се соочува со дискриминација на секој чекор.

Кога Еми на гости да го запознаат Али ќе ги покани своите три возрасни деца од првиот брак со мажот полјак со кој таа се земала спротивно на желбите на татко ѝ кој го поддржувал Хитлер, тие јавно го одбиваат него. Едниот син го крши нејзиниот телевизор во гнев, другиот вели дека таа мора да полудела, а ќерка ѝ и зетот веднаш ја напуштаат „кочината“.

(Никулец на мк.Википедја.)

Филмот трае 93 минути.

Ефи Брист, 13 април 2008 г. во 20 ч. [Кинотека]

Денес во 20 ч. - Ефи Брист во режија на Рајнер Вернер Фасбиндер.

Филмот трае 141 минута.

На Википедија се споменува една книга под ова име: врска.

Колку да имате претстава за што се работи.
 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.