Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

Али: Стравот ја јаде душата, 14 април 2008 г. во 20 ч. [Кинотека]

Али: Стравот ја јаде душата (гер. Angst essen Seele auf) е западно германски филм од 1974 година напишан и режиран од Рајнер Вернер Фасбиндер (гер. Rainer Werner Fassbinder). Главните улоги се на Бригит Мира (гер. Brigitte Mira) и Ел Хеди бен Салем (гер. El Hedi ben Salem). Филмот е добитник на две награди на Канскиот филмски фестивал и се смета дека е едно од најмоќните дела на Фасбиндер. Бригит Мира има добино германска филмска награда за својата улога.



Приказната е за Али (Салем), млад марокански гастербајтер и Еми (Мира), шеесетгодишна вдовица која чисти прозорци. Се среќаваат кога Еми ќе се скрие во еден бар за да се скрие од дождот, а привлечена од егзотичната музика. Шанкерката Барбара му предлага на Али да ја покани Еми да играат и таа се согласува. Се развива чудно и невообичаено пријателство, потоа романса и на крај одлучуваат да стапат во брак. Тоа што следи е огорчена и насилна реакција поради нивната врска. Соседите им се закануваат, се жалат дека зградата сега е прљава. Колешките ја избегнуваат Еми, а Али се соочува со дискриминација на секој чекор.

Кога Еми на гости да го запознаат Али ќе ги покани своите три возрасни деца од првиот брак со мажот полјак со кој таа се земала спротивно на желбите на татко ѝ кој го поддржувал Хитлер, тие јавно го одбиваат него. Едниот син го крши нејзиниот телевизор во гнев, другиот вели дека таа мора да полудела, а ќерка ѝ и зетот веднаш ја напуштаат „кочината“.

(Никулец на мк.Википедја.)

Филмот трае 93 минути.

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.