Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

Чикаго, 12 и 13 февруари 2008 во 20 ч. [Кинотека]

Чикаго (анг. Chicago) е мјузикл од 2002 година издаден од Мирамакс филмс (анг. Miramax Films). Филмот првпат почнал да се прикажува на 27. јуни 2002 во ограничен број на градови, а пошироко почнал да се прикажува на 24. јануари 2003. Филмот, адаптација на сатиричниот театарски мјузикл, истражува теми на сјајот, гламурот и скандалот во Чикаго во ерата на џезот. Режисер и кореограф на филмот е Роб Маршал (анг. Rob Marshall), а адаптацијата за филм е напишана од Бил Кондон (анг. Bill Condon). Чикаго има освоено шест Оскари во 2003 вклучувајќи и оскар за најдобар филм. Овој филм е првиот мјузикл што ја добил наградата најдобар филм после Оливер! (анг. Oliver!) (1968).


Дејствието на Чикаго се врти околу Велма Кели (анг. Velma Kelly) и Рокси Харт (анг. Roxie Hart), двете осудени за убиство кои чекаат смртна казна во Чикаго од 1920-тите. Велма, која професионално игра во водвиљ и Рокси, домаќинка со аспирации да биде ѕвезда, се борат за слава која ќе ги држи подалеку од гилотината. Во филмот глумат Кетрин Зета-Џоунс (анг. Catherine Zeta-Jones), Рене Зелвегер (анг. Renée Zellweger) и Ричард Гир (анг. Richard Gere) а се појавуваат Квин Латифа (анг. Queen Latifah), Џон К. Рајли (анг. John C. Reilly), Луси Лиу (анг. Lucy Liu), Тај Дигс (анг. Taye Diggs) и Колм Феоре (анг. Colm Feore).

(Никулец на мк.Википедија.)

113-те минути според американската академија вредат 6 оскари.

Аполо 13, 9 и 10 февруари 2008 во 20 ч. [Кинотека]

Аполо 13 е филм од 1995 година кој ја раскажува приказната за несреќната судбина на лунарната мисија Аполо 13 од 1970 година. Сценариото е напишано од Вилијам Бројлес Џр. и Ал Рејнерт и е адаптација на книгата „Изгубена Месечина“ на Џим Ловел и Џефри Клугер. Режијата е на Рон Хауард.

Филмот започнува со флешбек од пожарот на Аполо 1, придружен со нарација на Волтер Кронкајт. Како што завршува неговиот монолог, филмот се префрла на 20 јули 1969 година. Астронаутот ветеран Џим Ловел (Том Хенкс) оди дома на забава по повод слетувањето на Аполо 11 на месечината. Откако ги гледа историските први чекори на Нил Армстронг, опиениот Ловел ѝ кажува на жена си Мерилин (Кејтлин Квинлан) дека и тој има желба да стапне на месечината.

Неколку месеци подоцна, Џим, кој очекува да лета на Аполо 14, води ВИП тура низ просториите на НАСА додека масивната Сатурн V ракета на Аполо 13 се составува. Додека конгресмените од ВИП турата прашуваат дали има можност за уште слетувања на месечината кога веќе Советите заостануваат, Џим добива известување дека тој и неговиот екипаж се унапредени во прв екипаж за Аполо 13. Откако го известува своето семејство за новата задача, Ловел и неговиот екипаж, Фред Хајс (Бил Пакстон) и Кен Метингли (Гери Синис) започнуваат да тренираат за мисијата Аполо 13 наместо за Аполо 14. Како што се приближува датумот на лансирање, стравот на Мерилин за четвртата мисија на нејзиниот маж се манифестира преку нејзиното противење да оди на лансирањето.

(Никулец на мк.Википедија.)

Филмот трае 140 минути.

Спартак, 7 и 8 февруари 2008 во 20 ч. [Кинотека]

Назад на кинотечната програма, последен филм од циклусот посветен на Кјубрик е „Спартак“ и тоа во оригинална должина од 184 минути (3 часа!).

Спартак (анг. Spartacus) е акциски - авантуристички - биографски - драма - историски - романтичен - воен филм од 1960 режиран од Стенли Кјубрик (анг. Stanley Kubrick) а базиран според истоимениот роман од Хауард Фест (анг. Howard Fast) за историскиот живот на Спартак и Третата војна на робовите. Во филмот глумат Кирк Даглас (анг. Kirk Douglas) во улогата на бунтовниот роб Спартак и Лоренс Оливие (анг. Laurence Olivier) како неговиот непријател, римскиот генерал и политичар Марко Лициние Красус (анг. Marcus Licinius Crassus).

Филмот е добитник на 4 оскари.


Филмот започнува во рудник каде работат робови во римската провинција Либија. Спартак, стамен Тракиец, му помага на стар човек кој паднал. Римски војник му наредува на Спартак да се врати на работа, поради што е нападнат и гризнат за глуждот, веројатно Ахиловата тетива. (Во филмот, се вели дека тој му ја пресекол тетивата на стражарот, што е очигледно неточно.) Поради ова Спартак е врзан и осуден на смрт со гладување. Лентул Батиатус, кој е lanista (импресарио за гладијаторски игри), пристигнува барајќи регрути за неговата гладијаторска трупа. Со одбивност испитува неколку робови пред конечно да го види Спартак, препознавајќи го неговиот нескршен дух. Батиатус отпловува за Капуа (анг. Capua), каде се наоѓа неговиот гладијаторски камп.

(Никулец на мк.Википедија.)

Немапирани територии, 6 февруари 2008 во 20 ч. [Точка]

И ова не е на програма во Кинотека, но ако веќе го гледате „Пеколен портокал“ на 5-ти, на 6-ти можете да ја посетите Точка на уште едно издание на настанот наречен „СподелиКино“. Таму се прикажува документарниот филм со Вилијам Гибсон - Немапирани територии (анг. No Maps For These Territories).



Повеќе информации за ова има на нивниот блог.
 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.