Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

Аполо 13, 9 и 10 февруари 2008 во 20 ч. [Кинотека]

Аполо 13 е филм од 1995 година кој ја раскажува приказната за несреќната судбина на лунарната мисија Аполо 13 од 1970 година. Сценариото е напишано од Вилијам Бројлес Џр. и Ал Рејнерт и е адаптација на книгата „Изгубена Месечина“ на Џим Ловел и Џефри Клугер. Режијата е на Рон Хауард.

Филмот започнува со флешбек од пожарот на Аполо 1, придружен со нарација на Волтер Кронкајт. Како што завршува неговиот монолог, филмот се префрла на 20 јули 1969 година. Астронаутот ветеран Џим Ловел (Том Хенкс) оди дома на забава по повод слетувањето на Аполо 11 на месечината. Откако ги гледа историските први чекори на Нил Армстронг, опиениот Ловел ѝ кажува на жена си Мерилин (Кејтлин Квинлан) дека и тој има желба да стапне на месечината.

Неколку месеци подоцна, Џим, кој очекува да лета на Аполо 14, води ВИП тура низ просториите на НАСА додека масивната Сатурн V ракета на Аполо 13 се составува. Додека конгресмените од ВИП турата прашуваат дали има можност за уште слетувања на месечината кога веќе Советите заостануваат, Џим добива известување дека тој и неговиот екипаж се унапредени во прв екипаж за Аполо 13. Откако го известува своето семејство за новата задача, Ловел и неговиот екипаж, Фред Хајс (Бил Пакстон) и Кен Метингли (Гери Синис) започнуваат да тренираат за мисијата Аполо 13 наместо за Аполо 14. Како што се приближува датумот на лансирање, стравот на Мерилин за четвртата мисија на нејзиниот маж се манифестира преку нејзиното противење да оди на лансирањето.

(Никулец на мк.Википедија.)

Филмот трае 140 минути.

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.