Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

Пеколен портокал, 5 и 6 февруари 2008 во 20 ч.

Пеколен портокал (анг. A Clockwork Orange), снимен 1971 е крими-драма-трилер филмска адаптација на истоимениот роман од 1962 година, напишан од Ентони Бургес (анг. Anthony Burgess). Адаптацијата е продуцирана, напишана и режирана од Стенли Кјубрик (анг. Stanley Kubrick). Главната улога на харизматскиот и психопатски деликвент Алекс ДеЛарџ (анг. Alex DeLarge).

Пеколен портокал содржи вознемирувачка, насилна сликовитост за да го помогне социјалниот коментар на психијатријата, младинските банди и други теми на футуристичко дистописко општество. Филмот вклучува звучна лента која се состои од главно класична музичка селекција и композиции на Венди Карлос (анг. Wendy Carlos) изведени на Moog синтисајзер.


Поставен во Англија од 1995 година, филмот го следи животот на тинејџерското момче наречено Алекс ДеЛарџ чии задоволства се класична музика (најмногу Бетовен), силување и екстремно насилство. Тој е лидер на мала банда насилници, кои тој ги ословува како негови „droogs“(од рускиот збор друг кој значи „пријател“ или „братко“). Алекс го раскажува поголем дел од филмот во „надсат“; фрактуриран, современ адолесцентски сленг кој се состои од словенски (посебно руски), англиски и кокни сленгови во рима. Момчето Алекс е дрско и ги злоставува другите; ги лаже родителите за да избега од училиште и има скап стерео систем од кој одекнува колекцијата на класични музички снимки.

(Никулец на мк.Википедија.)

Филмот трае 136 минути.

2001: Вселенска Одисеја, 2 и 3 февруари 2008 во 20 ч. [Кинотека]

2001: Вселенска Одисеја (2001: A Space Odyssey) е научно-фантаситечн филм од 1968 година режиран од Стенли Кјубрик (Stanley Kubrick), а напишан од Кјубрик и Артур Ч. Кларк (Arthur C. Clarke). Филмот се занимава со тематски елементи на човековата еволуција, технологија, вештачка интелигенција и вонземскиот живот, а е познат по научниот реализам, пионерските специјални ефекти, провокативната двосмислена и често надреална сликовитост, звук на местата на традиционалните наративни техники и минималното користење на дијалог.

Насловната секвенца започнува со слика на Земјата како изгрева над Месечината додека Сонцето изгрева над Земјата.

Врз слики од африканска пустина, стои титл „Зора на Човекот“. Племе од праисториски човеколики мајмуни се бори да преживее во сушната пустина. Едно утро, мистериозен правоаголен монолит се појавува во близина на нивната населба. По овој настан, еден човеколики мајмун (Даниел Рихтер - Daniel Richter) ја измислува првата алатка, кога зема коска од едно купче и открива дека може да ја употребува како палка за да крши други коски. Овој човеколики мајмун, кој сега стои делумно исправено, го предводи своето племе во одбрана на нивното поило од друго племе, истепувајќи со палката непријателски мајмун до смрт користејќи го новооткриеното оружје. Победоносниот човеколики мајмун го фрла оружјето во воздух, а во тој момент филмот скокнува во иднината во кадар кој ги поврзува коската со орбитирачки сателит направен од човекот.


(Никулец на мк.Википедија.)

Филмот трае 141 минута.

Дома, 1-3 февруари 2008 во 20 ч. [Фросина]

Не е баш во Кинотека, но кога веќе ми стигна на пошта можам и да објавам. Дома е документарен филм на Ѓорче Ставрески.

Филмот беше сниман во периодот од 20-ти септември до 5-ти ноември 2006 година на локации во Македонија (Скопје и Штип) и Хрватска (Загреб и Задар) и претставува значаен чекор во воспоставување на континуирана соработка помеѓу млади македонски и хрватски филмски работници. Во него се портретираат осум поединци кои поради различни причини ја напуштиле својата татковина, преку кои се анализираат прашањата за културните и верските разлики, како и односот на општеството кон поединецот.

ДОМА е испратен на повеќе регионални и интернационални фестивали за документарен филм. Досега, е влезен во официјалниот регионален натпреварувачки дел на ZagrebDox, фестивалот за документарен филм од Хрватска. На овој фестивал во 2006 година, Ѓорче Ставрески доби посебно признание во регионална конкуренција за режија на филмот Адам и Ева.

Лолита, 31 јануари и 01 февруари 2008 во 20 ч.

Лолита е влијателен филм на Стенли Кубрик од 1962 година, базиран на класичната новела на Владимир Набокотв која го носи истиот наслов. Во филмот играат Џејмс Мејсон како Хумберт Хумберт, Сју Лајон како Долорес Хејз (Лолита) и Шели Винтерс как Шартол Хејз.

Поради тогашните рестиркции на MPAA (Американската асоцијација за играни филмови), во филмот се ублажени поперверзните аспекти на новелата, понекогаш оставајќи многу на имагинацијата на публиката. Актерката која тогаш ја глумеше Лолита имаше 14 години во времето на снимањето. Кубрик подоцна коментираше дека да знаел колкави ќе бидат цензорските ограничувања никогаш немал да се нафати да го снима филмот.Филмот започнува со борба помеѓу двајца мажи на чиј крај едниот од нив, Клер Квилти, е застерелан. Убиецот е Хумберт Хумберт, 40 годишен британец, професорт по француска литература. Тој исто така е обсесивен педофил. Филмот потоа се навраќа на настаните од пред 4 години и оди напред: Хумберт патува во Рејмсдејл, Њу Хемпшир, мал град каде ќе го помине летото пред да започне да предава на Бердсли колеџот во Охајо. Тој бара соба низ градот и една вдовена, сексуално изгладнета мајка - Шарлот Хејз, го примамува да остане во нејзината куќа. Тој одбива сѐ додека не ја види нејзината убава 14 годишна ќерка Долорес - Лолита во која тој подоцна безнадежно се заљубува.

(Никулец на мк.Википедија.)

Филмот трае 152 минути.
 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.