Среќна нова ’49 е македонски филм од 1986 година, режиран од Столе Попов, со Петар Арсовски, Мите Грозданов, Александар Ѓорчев, Мето Јовановски, Душко Костовски во главните улоги. Се смета за едно од најуспешните македонски филмски остварувања и е единствениот македонски филм, покрај Црно семе на Кирил Ценески, што е избран да биде Југословенски кандидат за Оскар. Добитник е на низа награди и признанија, меѓу кои, како особено значајни се издвојуваат Гран при-то, „Голема златна арена за најдобар филм“ на Фестивалот на југословенскиот игран филм, оддржан во Пула во 1986 година, како и Првата награда од публиката на Меѓународниот филмски фестивал во Порто Алегре од 1991 година.
Основна тема е донесувањето на Резолуцијата на Информбирото и нејзиното неприфаќање во нашата општествена средина.
Дејството се одвива во кругот на едно семејство чии членови, наоѓајќи се во вакви историски околности, започнуваат да се прибираат околу еден круг на злото при што доаѓа до уништување на најдлабоките човечки чувства, односно до себеоткажување, до напуштање на сѐ она што дотогаш го красело нивниот лик.
(Статија на мк.Википедија.)
Филмот трае 125 минути.

0 comments:
Post a Comment