Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

Чувар на плажата во зимскиот период, 29 и 30 ноември во 20 ч. [Кинотека]

Последниот филм во ноември во Кинотека е првиот игран филм на режисерот Горан Паскалевиќ. Сценариото е на Гордан Михиќ, а улогите ги играат Ирфан Менсур, Гордана Косановиќ, Данило Бата Стојковиќ, Мира Бањац и Дара Калениќ.

„Чувар на плажата во зимскиот период“ е филм за млад човек, израснат во растурен брак, кој сака да почне да живее свој живот. Образованието што го има не му овозможува да најде работа, па затоа ја прифаќа работата како чувар на плажа во зима.


Се жени со девојката која ја сака, верувајќи дека љубовта ќе ги преживее сите несреќи. Но, наскоро сфаќа дека и неговите родители почнале на таков начин, но животните проблеми го земале својот данок. Жена му го напушта, и татко му умира и младиот човек повторно е на почеток. Но сега е полн со горчина...

Филмот трае 90 минути.

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.