Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

Последните крици на саваната, 25 и 26 ноември 2008 во 20 ч. [Кинотека]

„Последните крици на саваната“ (италјански: „Ultime grida dalla savana“, англиски: „Final Cry of the Savanna“), исто така познат како „La Grande caccia“ или на англиски „Savage Man Savage Beast“, е влијателен Мондо филм од 1975 година, во режија на Антонио Климати (Antonio Climati) и Марио Мора (Mario Morra). Сниман низ целиот свет, негова централна тема е ловот и интеракцијата помеѓу човекот и животното. Поточно, филмот документира различни форми на лов што можат денес да се најдат во светот и како и луѓето и животните можат да бидат и ловец и плен. Како и други Мондо филмови, режисерите претставуват дека документираат вистинско, бизарно и насилно однесување и обичани, иако многу од сцените всушност се поставени. Нарацијата во филмот е на италјанскиот новелист Алберто Моравиа (Alberto Moravia).



Ова е првиот филм од трилогијата за дивината на Климати и Мора. Другите два филм се „Див свет“ (Savana violenta, This Violent World) и „Благо и дивјачко“ (Dolce e selvaggio, Sweet and Savage). Најпознатио филм од трилогијата сепак е „Последните крици на саваната“ кој станал влијателен поради употребата на киноматографски техники кои ќе бидат употребени во бројно подоцнежни Мондо филмови. Ова најмногу важи за две сцени: напад на лав над турист во Намибија и убиство на домородец од група платеници од Јужна Америка. Овие се сметаат за вистинска снимка од човекова смрт.

Филмот, исто така, поттикнал ривалство помеѓу тимовите на Климати и Мора и браќата Алфредо и Анџело Кастиџљони. Овие два тима се предводници на втората генерација Мондо филмови.


(Никулец на мк.Википедија.)

Филмот трае 94 минути.

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.