Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

Фестивал на германски филмови: „На работ на рајот“ 8 октомври 2008 г. во 20 ч. [Кино Фросина]

„На работ на рајот“ (интернационален англиски наслов: The Edge of Heaven, оригинален германски наслов: Auf der anderen Seite , турски наслов: Yaşamın Kıyısında) е турско-германски филм од 2007 година во режија и сценарио на Фатих Акинi. Филмот е добитник на Prix du scénario (наградата за сценарио) на Канскиот филмски фестивал во 2007 година.


Синопсис

„На работ на рајот“ се случува во Турција и Германија. Ликовите патуваат помеѓу овие две земји и така патуваат низ својот живот. Акин ја раскажува приказната со мирни слики и бавно темпо. Емоционалниот клуч за филмот е смртта со која секој протагонист се соочува на различен начин. Така тие првично затворени луѓе почнуваат полека да се откриваат себе си.



Заплет

Пензионираниот вдовец Али, турски имигрант кој живее во германскиот град Бремен, верува дека нашол решение за својата осаменост кога ќе ја сретне проститутката Јетер која е родум од Турција.

Тој ѝ нуди месечна плата за та да се откаже од проституција и да се всели кај него. Откако таа добива закани од двајца радикални исламски турски насилници, таа одлучува да ја прифати неговата покана. Неговиот син Неџат, кој е професор по германска литература, првично не ја одобрува оваа постапка на Али. Но, таа почнува да му се допаѓа нему, кога тој ќе дознае дека таа праќа пари назад во Турција за факултетското образование на ќерка си.

(Никулец на мк.Википедија.)

Филмот трае 122 минути.

По филмот веројатно ќе има мала свеченост за отворање на фестивалот... претпоставуваме бидејќи на програмата пишува Прием во 21:45, а таков филм не можеме да најдеме по Интернетов. :)

2 comments:

Anonymous said...

Ќе сакате ли да пишете колку е карта за проекцијата?

Кинотека said...

Не знаеме колку е картата, ;(

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.