Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

Островот Бергман, 13 јуни 2008 г. во 20ч. [Кинотека]

Документарниот филм од 2006 година „Островот Бергман“ е селекција од 3 документарни филмови кои авторката Мари Нирерод, во форма на интервју, ги има направено за Ингмар Бергман, познатиот шведски филмски и театарски автор.


сликата е превземена од тука

Снимен на островот (прибежиште) каде Бергман има поминато значаен дел од својот живот, документарниот филм нуди директен и искрен приказ на различните аспекти од животот на Бергман. Помеѓу другото, тој зборува за лични теми како неговото детство, врските со Биби Андерсон и Лив Улман, како и личната поврзаност со островот на кој живее. Интервјуата покриваат и дел од неговото филмско творештво, како „Седмиот печат“, „Персона“, „Фани и Александар“, „Диви јагоди“, „Девствениот извор“.

Филмот трае 83 минути.

(Никулец на мк.Википедија)

2 comments:

Virshla said...

Секоја чест за циклусов, а и за сите минати. Бергман е мајстор и некако криво ми е што денес завршува цел циклус, а така некако се навикнав и пријатно ми беше минатава недела, секој ден по еден негов филм... Мф мф мф.. :)

Поздрав

Кинотека said...

Да... и јас мислам дека Кинотека работи одлична работа во изминативе ... повеќе од година дена.

Затоа и неколкумина го започнавме овој блог за да ја промовираме нивната работа.

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.