Македонскиот месец во Кинотека завршува уште неколку проекции на филмови, меѓу кои главен е македонскиот претставник на Кан 2008 - „Јас сум од Титов Велес“, филм на семејството Митевски.
Се надевам некој од тие што го гледале ќе напише нешто за филмов на мк и en Википедија.
Како и низ целиот месец, пред главната проекција ќе има проекции на кратки филмови. Распоредот е како следи:
28 мај: 19 часот Фела Кути – Музиката како оружје
20 часот: Патека - краток игран филм од 1967 година. Трае 8 минути.
Режијата е на Љубиша Георгиевски, а сценариото на Коле Ангеловски
Луѓето често одат по иста патека, претходно направена, па макар и од пијан човек. Не обрнуваат внимание ни за нејзината форма, ни за нејзината должина, ниту пак за тоа дали може да се скрати или до саканото место да се стигне по поправ или пократок пат. Така и луѓето во филмот се буткаат и одвај се разминуваат, но упорно одат по патеката што претходната вечер во снегот ја направи еден пијан човек.
29 и 30 мај: Човекот во црно, филм од 1970 година. Трае 10 минути.
Режијата е на Бранко Ставрев, а сценариото на Мето Јовановски.
На луѓето им треба водач. Нив некој мора да ги води, па макар тој бил и болен. Човекот во црно стои на автобуска станица и секој што доаѓа го опоменува да застане во редот. Редот е сè подолг. Кога пристигнува автобусот, човекот ги пропушта луѓето од редот да влезат пред него, а кога тој се подготвува да влезе, доаѓаат болничари и го одведуваат.
31 мај во 18 часот: Беплатна проекција на Како убив светец - исто така филм на семејството Митевски.
0 comments:
Post a Comment