Во вторник, на 22 април има дури 3 филма во Кинотека. Сите се италјански и за жал до овој момент немаме некои посебни информации за филмовите, но ако дознаеме нешто повеќе сигурно ќе пишеме.
Како и да е, еве што има на програмата:
18.00 часот
Жива крв (ит. Sangue Vivo) - филм од 2000 год. трае 95 минути.
Филмот е приказна за неколку сиромашни танчари на „тарантела“, мошне популарен народен танц во јужна Италија. Моќта на приказната е во дејството кое вклучува зависност од дрога и илегално тргување со цигари меѓу Италија и Албанија, преплетено со танц и музички точки. Исклучителен впечаток остава силниот карактер на ликот игран од Пино Ѕимба, актер-аматер кој е еден од најценетите италијански танчери на тарантела. На крајот моќта на музиката триумфира. Учеството на актери-аматери кои зборуваат на чист дијалект од Пуља (филмот има титлови на италијански јазик) заслужува топол аплауз поради нивната страствена глума.
Режија: Edoardo Winspeare
Сценарио: Giorgia Cecere, Edoardo Winspeare
Актери: Pino Zimba, Lamberto Probo, Claudio Giangreco, Addolorata Turco
20.00 часот
Ми се врти (ит. La Capa Gira) - филм од 2000 год. трае 83 минути.
Ја следиме приказната за група безначајни криминалци од Бари, Италија кои се во потрага по изгубена пратка дрога. Поголемиот дел од дејството се фокусира на двајца смотани криминалци испратени да ја бараат дрогата покрај железничката пруга. Тука е и сопственикот на салата за билијард, човек изморен од животот, кој ја очекува пратката. Неговата зграда повеќе наликува на прикриена коцкарница кадешто се продава дрога, отколку на сала за билијард, но во секој случај е совршена сцена каде се одигруваат забавни ситуации помеѓу пријателите и газдите. Мачо, хумористичен филм со интересен заплет.
Режија: Alessandro Piva
Сценарио: Alessandro Piva
Актери: Dino Abbrescia, Gianni Giannotti, Mino Barbarese, Flamour Beu
22.00 часот
Домот на жените (ит. La Casa Delle Donne) - филм од 2003 год. трае 98 минути.
Дејството се одвива во 1919 г. во руралната средина околу Бари. Богат, стар човек со слабост кон женскиот пол има три конкубини; тие формираат нов вид на семејство со две различни одлики; татковство и мајчинство натопени во несигурност. По дваесет години најстарата ќерка се мажи и се преселува во Бари но, набргу по неа во истиот блок станови се селат и членови од нејзиното семејство. Тие повторно се заедно но, војната и отпорот ќе ја сменат оваа реалност со намалувањето на членовите на семејството.
Режија: Domenico Mongelli
Сценарио: Domenico Mongelli, Maria Marcone
Актери: Vito Bruno, Stefania Caito, Ilaria Cangialosi, Francesco Capotorto
(Блогот „Кинотека“ ѝ се заблагодарува на Катерина за помошта околу содржините за италјанските филмови.)
0 comments:
Post a Comment