Денови на италијански јазик
Проекции: 15.10.2011 (сабота), 20 часот
„Што повеќе сакам“
Ана има се’ што и' треба, респектабилна кариера, грижливо семејство, верен партнер, Алесио. Кога таа го запознава Доминико, фин, згоден, но женет келнер, нејзиниот совршено уреден свет почнува да се распаѓа. Тие веднаш запаѓаат во вжештена афера, базирана на тајни состаноци, телефонски караници и безброј лаги. Алесио не го забележува оддалечувањето на неговата сопруга. Но, сопругата на Доминико се’ сомнева во нејзиниот сопруг. Како што двајцата љубовници се заплеткуваат се подлабоко во магијата на страста, се соочуваат со проблемот да направат избор, за кој никој од нив не е спремен.
Cosa voglio di più
2010, 126 мин, колор, 35мм
игран филм, Швајцарија
Режија: Силвио Солдини;
Сценарио: Силвио Солдини;
Главни улоги: Алба Ровархер, Пијерфранческо Фавино, Тереза
Сапонанџело;
0 comments:
Post a Comment