Проекции: 08.10.2011 (сабота), 20 часот
„Недопрено“
Приказна за испреплетените животи на четворица луѓе, кои откриваат дека среќата е нешто што неможат да си го дозволат, со што се коцкаат до крајна граница во една смртоносна игра во која само еден од нив ќе продолжи. Томас, млад крадец и единствен преживеан во ужасна авионска несреќа. Федерико, човекот кој преживеал голем земјотрес и научил дека може да им го одзема богатството на луѓето без никаков допир. Сем, сопственик на казино, кој воедно е крајниот преживеан по поразот во Втората светска војна, и Сара, полицаeц која превзема големи чекори нанапред по смртта на нејзиното семејство во сообраќајна несреќа, па станува опседната со коцкањето кадешто ја открива тајната помеѓу смртта и среќата.
игран филм / 2001 година / 108 минути / колор / ДВД
Шпанија
Режија: Хуан Карлос Фреснадиљо
Сценарио: Хуан Карлос Фреснадиљо, Андрес М. Копел
Главни улоги: Макс вон Сидов, Еузебио Пончела, Леонардо Збараља, Моника Лопез, Антонио Дешен
0 comments:
Post a Comment