Проекции: 05.10.2011 (среда), 20 часот
20 години филм во независна Македонија
Влезот е бесплатен.
„Панкот не е мртов“
Мирза е скопски панкер, аутсајдер дури и на средни години, кој во својот
круг на пријатели и познаници живее на стара слава, а приватно
преживува како ќе стигне. Сè што посакува е повторно да настапува со
својот панк-бенд, распаднат уште пред повеќе од 15 години. За да настапи
во рамките на еден сомнителен мулти-културен настан во Дебар, тој
решава да го собере бендот и заедно со својата поранешна девојка
заминува по новосоздадените балкански држави за да стапи во контакт со
поранешните членови. За него, а и за останатите во групата – панкот не е
мртов!
Панкот не е мртов
игран филм / 104 минути / 2011 година / колор / 35 мм.
Република Македонија
Режија: Владимир Блажевски
Сценарио: Владимир Блажевски
Директор на фотографија: Димо Попов
Главни улоги: Јордан Симонов, Тони Михајловски, Камка Тоциновски, Џевдет Јашари, Кирил Поп Христов
0 comments:
Post a Comment