Проекции: 02.10.2011 (недела), 20 часот
20 години филм во независна Македонија
Влезот е бесплатен.
„Мајки“
Три приказни – две играни и една документарна – тематски се поврзани низ
сирова „документарна“ фикција и вистински документарен пристап. Во
првата, две деветгодишни девојчиња пријавуваат манијак во полиција иако
воопшто не го виделе. Потоа, тројца филмаџии ги среќаваат единствените
жители на едно напуштено село – остарени брат и сестра кои веќе 16
години немаат проговорено еден со друг. И, во последната, пензионирани
хигиеничарки се пронајдени силувани и задавени во провинција.
„Документарната“ фикција на првите две приказни се претвора во
документарец за серискиот убиец – новинарот Владо Таневски од Кичево, и
за неговите жртви. Филмот ги поставува прашањата за вистината и за
природата на вистината, како и за тоа како мајките се поврзани со
приказната во сите три дела.
документарен филм / 123 минути / 2010 година / колор / 35 мм.
Република Македонија
Режија: Милчо Манчевски
Сценарио: Милчо Манчевски
Директор на фотографија: Владимир Самоиловски
Главни улоги: Ана Стојановска, Ратка Радмановиќ. Димитар Ѓорѓиевски, Салаетин Билал, Владимир Јачев
0 comments:
Post a Comment